ponude.biz - ohrid

 

 

 

Охрид е град во југозападниот дел на Република Македонија со 42.033 жители. По него Охридското Езеро го носи своето име.

Население
Според последниот попис од 2002 година, во градот Охрид живеат 42.033 жители [се бара извор], од кои:

Македонци 37.801 (90,03%)
Албанци 1.159 (2,75%)
Турци 1.156 (2,74%)
Роми 69 (0.16%)
Власи 308 (0.73%)
Срби 321 (0.76%)
Бошњаци 29 (0.07%)
останати 1.190 (2.83%) (претежно Роми кои се изјаснуваат како Египјани)

Историја
Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнидос (Lychnidos). Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнидос се наоѓал на патот Вија Игнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Бригијците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро. Бригиjците се исто што и Фригиjците. По Третата македонска воjна против кралот Персеј, Лихнид станува главна римска база во северните области на Македониjа. Тоа е времето кога за него наjмногу се слуша. Последната вест за Лихнид е веста за неговото разурнување. Во еден земјотрес, коj според историските извори се случил на 29 и 30 мај 526 година, настрадале повеќе десетици илjади лица во Лихнид. Потоа градот повеќе не се споменува во историските извори.

Охридската област во краjот на 6-тиот век била изложена на масовна словенска колонизациjа. Охридската област до 30-тите години на 7-миот била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Лихнид оттогаш добил името Охрид.

Охридскиот краj уште во втората половина на 8-миот век станал привлечно подрачjе за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис I Михаил македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку "комитати". Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Во 886 година Климент (Охридски) по краткото задржување во бугарскиот двор бил испратен во Македониjа со важна државна мисиjа. Тоj бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа jа опфаќала Југозападна Македонија и Јужна Албанија, со главните градови Охрид и Девол.

Како учител и епископ Климент заедно со Наум ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на 9-тиот век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри.

sОХРИД Save Xxx E Naked Women Ro Post 77o Naked Webcam hОХРИД Save Xxx E Naked Women Ro Post 77i Porn Cam Women Cam